ПОРАДИ ВАКВИТЕ СТОЈКОВЦИ, РАШКОВЦИ И МАКСОВЦИ СДСМ РИЗИКУВА САМИ ДА МУ ЈА ПРЕДАДАТ ВЛАСТА НА ТАЦНА НА ВМРО ДПМНЕ, ВЛАСТ ЗА КОЈА 5 ГОДИНИ СЕ КРВАВЕШЕ И СЕ ТУРАА ГЛАВИ КАДЕ НОРМАЛЕН НЕ ТУРА НИТУ НОГА!

Стариот проблем на СДСМ. Се повторува Солза, Стевчо Муња, Буралиева… Сега се тоа Стојко, Максо, Рашко…

На ВМРО ДПМНЕ ова никогаш немаше да им се случи. Кај нив сплотеноста и партиската дисциплина е рамна на божја заповед. Можете ли да замислите во Груевизмот некој си тамо директор да му организира штрајк и јавно да се препуцава со премиерот и со лидерот на неговата матична партија?!?!?!

Па тоа беше рамно на научна фантастика! А сега ние што имаме? Максо од Куманово цел мандат го помина во вербална војна со својата влада на својата партија?!?!?!

Рашко иако донесен во доверба на премиерот како човек со два доктората наместо да работи за народот он правел разни софтврски шеми кои допрва ќе видиме колку се криминални и спорни, да се надеваме дека ќе остане само на софтверот за Скопје безбеден град…

Најнов пример сега е Стојко од Тетово, кој ај што се препуцава со премиерот сега и штрајк му организира… Еј на својот лидер, на својата партија тоа и го прави, затоа што го фатило инат за 35 албанци кои очиглендо не може да ги смисли, некоја тетовска фрустрација мора да е тоа неизлечена… Па сега тој се поставува како некој ПРИНЦИПИЕЛЕН ХЕРОЈ а го преставувва премиерот како некој амбдал и непрофесионалец што нема капацитет да го разбере ГАБАРИТОТ НА СТОЈКОТА за поштовање на процедурите…

Со вакви БУДАЛЕТИНКИ СДСМ е во опасност самите на тацна да му ја дадат власта на ВМРО ДПМНЕ, власт за која 5 години се крвавеше, се кампуваше пред влада, се маршираше, протестираше, се биеше битка со МВР со ДБК со цел режим па многу луѓе изедоа ќотеци беа раскрвавени некои по затвори скапаа некои изгубија бизниси, за сега СТОЈКО да ни ебе мајката на сите!

Тоа е клетвата на СДСМ, премногу демократија има кај партизаните, комитите знаат дека еден е војвода другите слушаат и не галамат многу, тоа е отсекогаш стратешката предност на вмровците пред сдсмовците. На Бихачка едноставно традицијата е секој да може да си каже што мисли и затоа СДСМ секогаш сама ја губи власта, никогаш немало потреба да се руши власт на СДСМ на сила, таа секогаш самата ја давала власта на тацна на ВМРО ДПМНЕ поради свои фракции авто саботажи и јавни препукувања на разни огоречни поединци кои решиле својата партија да ја запалат за да си истераат некаков хир или некаков каприц!

Саше Ивановски Политико (Текстот е лично мислење и коментар на авторот)

Link with us
Game bài đổi thưởng