Порталб анализа: За една година, нови 100 милиони евра долг на државните институции, општини, јавни претпријатија

Драматичен раст на долговите на јавните претпријатија – за само три месеци пораснале доспеаните а неплатени обврски и на јавните претпријатија и на државните фирми. Долговите ги зголемиле и општините и јавните здравствени институции. Заклучно со 2021 година, вкупните доспеани а неплатени обврски на државните институции, јавните претпријатија, министерствата, општините, државните фирми, надминаа 391 милион евра – со раст и во однос на третиот квартал и во однос на состојбата на крајот од 2020 година, пишува Порталб.

Кои сектори колку должат…

Вкупните доспеани обврски на сè што значи институција под „државна“ и „општинска“ капа на крајот од 2021 година се приближија до 400 милиони евра. Министерството за финансии ги објави сумираните годишни податоци за должничката позиција и состојба на 1.063 институции – од нив 700 пријавиле доспеани а неплатени обврски на крајот од третиот квартал. На новата должничка листа со пријавени неплатени обврски има 60-тина институции помалку во однос на листата од третиот квартал од 2021 година.

Порталб.мк направи споредба на состојбите во четвртиот во однос на третиот квартал од годината – вкупните доспеани а неплатени обврски се зголемени за 62,1 милиони евра, што претставува значаен пораст за само три месеци.

Доспеани а неплатени обврски

Трет кавртал 2021 329 443 384 евра

Четврти квартал 2021 391 571 450 евра

Подрастичен пораст на неплатените обврски има кај јавните претпријатија и фирми со државна сопственост, чиј долг достигна 179,2 милиони евра – со раст од 54,6 милиони евра за само три месеци. Пораст има и кај долговите на општините – доспеаните а неплатени обврски достигнаа скоро 69 милиони евра, долгот на општинските јавни претпријатија се зголемија на 58,4 милион евра.

Доспеани а неплатени обврски

ЈП и Државни фирми 179,2 милион евра

Општини 68,9 милион евра

Јавни здравствени установи 67,8 милион евра

Општински јавни претпријатија 58,4 милион евра

Раст на доспеаните а неплатени обврски има и во здравството – на крајот од минатата година институциите, односно болниците, клиниките, пријавиле долг во износ од скоро 68 милиони евра. Кај “буџетските корисници од прва линија”, во кои спаѓаат министерства и одредени државни институции, регистрирано е позначајно намалување на долговите на 9,5 милиони евра.

Неплатени камати, заостанати комунални сметки, неисплатени плати …

Во новата должничка листа пријавени се милионски долгови по различен основ а највисоки суми на доспеани а неплатени обврски има за градежни работи, камати за кредити, купување на материјали и ситен инвентар, за плати, договорни услуги.

Конкретно, на крајот од 2021 по основ на “договорни услуги” обврските изнесуваат 37 милиони евра, по основ на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт 52 милиони евра, доспеаните а неплатени обврски за материјали и ситен инвентар достигнаа 51 милион евра а за плати, придонеси, надоместоци изнесуваат 9,3 милиони евра. За каматни плаќања кон домашни кредитори доспеаниот долг изнесува 22,5 милиони евра а за градежни објекти 38,2 милиони евра.

На првите три места, според висината на доспеаните а неплатени обврски се наоѓаат АД „Македонски енергетски ресурси“ со износ од 82,7 милиони евра, АД МЖ „Транспорт“ – Скопје со долг од 64,9 милиони евра и Општина Тетово чиј долг достигна 13,5 милиони евра.

Не само на квартално ниво, вкупните доспеани а неплатени обврски драматично се зголемени и во однос на состојбата на крајот од 2020 година.

Доспеани а неплатени обврски

Декември 2021 391 571 450 евра

Декември 2020 288 805 451 евра

На крајот од декември 2021 во споредба со состојбата во декември 2020, вкупните доспеани а неплатени обврски се зголемиле за 102,7 милиони евра. Во следната анализа, Порталб.мк ќе објави податоци за долговите на општините, болниците, клиниките, јавни претпријатија, државните фирми.

sunwin

tải sunwin

sunwin tài xỉu sunwin game bài sunwin

sunwin tài xỉu game bài sunwin tải sunwin apk

tải sunwin