Порталб: МОН ќе ги дигитализира учебниците од прво, второ, четврто и петто одделение

Фото: Thomas Park on Unsplash
Министерството за образование и наука (МОН) ќе ги откупи авторските права на сите учебници од прво, второ, четврто и петто одделение за да го постави нивниот електронски формат во дигиталната библиотека „е-учебници“ со цел учениците да можат да ги преземат истите на паметни телефони, таблети или компјутери, пишува Порталб.мк.

Учениците од прво и второ одделение досега немаа пристап до ниту еден електронски учебник бидејќи МОН немаше авторски права за истиот. Состојбата е речиси иста и за четврто и за петто одделение при што учениците имале пристап само до 6 електронски книги.

МОН, преку конкурс понуди да ги откупи сите авторски права за вкупно 41 учебници за овие паралелки.

„При објавувањето на Конкурсот за секој предмет беше истакната вредноста, односно надоместокот за авторските права за печатената и електронската верзија. Вредноста нема да се менува, а се утврдува согласно Правилникот за критериумите за утврдување на износот за надоместок за пренос на материјални права на авторот за книги за основни и средни училишта. Во „е-учебници“ се објавуваат сите одобрени учебници кои се во сопственост на МОН, но МОН не може да објави книги за кои нема авторски права бидејќи се во сопственост на издавачки куќи“, велат од МОН.

Нето вредноста на надоместокот за пренос на авторски права и материјали во конкурсот за учебници од прво, второ, четврто и петто одделение е од 254.800 до 284.830 денари или од 4.100 до 4.600 евра за книга. Рокот за доставување учебници е 11 мај, а еден од условите кои се бараат е освен во печатена форма, учебниците да бидат достапни и во електронска форма.

На сите досегашни конкурси, авторите доставуваат електронска форма на учебникот во „word“ или „pdf“ формат на cd или usb. Сите учебници кои во моментов се објавени на веб-страницата „е-учебници“, се во сопственост на МОН, односно МОН ги има откупено авторските права и во иднина ќе бидат достапни во формат „pdf“, објаснија за Порталб.мк од МОН.

Според податоците на МОН, во моментов во основното образование за употреба се одобрени 51 учебник, од кои 19 се во сопственост на МОН, а 32 се во сопственост на издавачките куќи.

„Во тек е конкурсот за обработка на учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и по завршување на постапката за одобрување, истите ќе бидат во сопственост на МОН“, велат од таму.

Во средното образование одобрени се вкупно 146 учебници, од кои само 9 се во сопственост на Министерството за образование и наука, а 137 се во сопственост на издавачки куќи.

Во четиригодишното стручно образование сите учебници се во сопственост на МОН, освен учебниците од прва и втора година странски јазици, кои се во сопственост на авторите.

Продолжуваат процедурите за подобрување на учебниците и конкурсните постапки“, додаваат од МОН.

Покрај дигитализацијата на овие учебници, наставата и понатаму се одвива според традиционалната форма, со печатени учебници. Учењето од е-учебници останува доброволна опција. Министерството за образование и наука и покрај ветувањето не достави до Собранието нов предлог-закон за учебници и други дидактички материјали за основните и средните училишта, откако претходно во јануари 2021 година го повлече законот поради забелешки од јавноста за намерата да се дигитализираат учебниците од четврто одделение, а печатените учебници да се отстранат од употреба.

sun win

sunwin club sunwin.apk mới nhất sunwin club

sunwin

sunwin web sunwin.apk mới nhất sunwin apk

sunwin apk tải sunwin game bài sunwin