Повлечен е Законот за учебници, МОН – Реформата стартува од први септември со нови наставни материјали и дигитални учебници

Владата се повлекува од предлог-законот за учебници и наставни материјали со кој од следната година четвртоодделенците требаше да почнат да учат од дигитални учебници. Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ добиле официјално известување од претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека Владата го повлекува Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

„Ве известувам дека Владата на Република Северна Македонија со допис заведен под број 08-2167/3 од 30 јуни 2021 година, ме извести дека Предлогот на закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование, примен и заведен во Собранието на 29 април 2021 година под број 08-2167/1 го повлекува“, се вели во дописот од Џафери.

Претставничката на иницијативата, Драгана Спасевска вели дека поради ова повлекување нема да се одржи ниту референдум, како што тие бараат. Родителите излегоа на неколку протести во изминатиот период со барање за повлекување на предлог-Законот, а поднесоа и иницијатива за државен референдум каде ќе се изјаснат дали Законот да се донесе.

Од опозицијата сметаат дека ова ги потврди нивните тврдења дека тоа што го нудела Мила Царовска не е дигитализација, туку само дигитални учебници на начин за кој нема друг пример во цивилизираниот свет.

-Нашиот став е јасен, во овие внатрешно-политички и надворешно-политички околности првата опција за децата и за наставниците мора да бидат хартиените учебници. Знаеме колкава е бројката на ранливи категории и тие кои се на раб да станат ранливи во пандемијата и силно сме уверени дека тие никако нема да бидат рамноправни во употребна на вака замислениот проект за дигитални учебници – порача Иванка Василевска, пратеничка на ДПМНЕ.

Од МОН се јавија со соопштение:

Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки.

Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците од први септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни дека ќе дадат подобри резултати кај учениците.

Дополнително ја информираме јавноста дека сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети.

Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата.

Дополнително се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години.

go88

go88uk tri tue sieu pham go88 tải go88

tải go88 go88 sập nohu97 xyz go88