Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ позитивна на Ковид-19 – вкупно три пратеници позитивни

Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на Ковид-19, потврдуваат од пратеничката група.

Според информациите на МИА, таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, но две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Како што дознава ТВ21, станува збор за пратеничка од Струмица.

Покрај неа, во изминатите денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ.

Претходно, пак, инфициран со коронавирусот беше и Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна просторија во Собранието.

sun win

sunwin

sun win

sunwin tài xỉu sunwin sunwin web

sunwin