ПРАТЕНИЧКАТА ОД НОВО СЕЛО, СПАСОВА: Градоначалникот Божинов не дозволува да остварувам средби со граѓаните во општинската зграда, наводно немало слободна канцеларија, а општинската зграда е нова и поголема од ПЕНТАГОН

Почитувани граѓани на Општина Ново Село.

Со големо жалење и лична разочараност од градоначалникот Ѓорѓе Божинов од кого очекував како интелектуалец и млад човек да се издигне над партиските ставови Ви се обраќам дека нам ќе ни биде ускратена можноста за официјални средби ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ВАШИОТ ПРАТЕНИК!
-Таквата можност беше и ветување во мојата кампања дека ќе отворам канцеларија за средби со Вас како би била сервис на граѓаните !
-Таквото ветување го потпирав на Член 36 од Законот за Собрание каде е предвидено Собранието во соработка со единиците на локалната самоуправа да обезбеди соодветни услови за остварување контакти на пратеникот со граѓаните и на просторните можности на неодамна реконструираната општинска зграда!!!

За жал одговорот на градоначалникот ( кој ви го презентирам) е дека НЕМА СООДВЕТНА ПРОСТОРИЈА!!!
– Замислете во велелепната зграда на општината за која од партијата на градоначалникот се протестираше дека ќе биде бескорисна – одеднаш нема слободни простории!!
Иако информациите кажуваат дека има неколку неискористени канцеларии, сепак јавно го прашувам градоначалникот:

– ШТО ПЛАНИРА СО СЛОБОДНИТЕ ПРОСТОРИИ ВО ЗГРАДАТА НА Општина Ново Село ?
Ах бе градоначалниче, нé побарав просторија во вашата семејна куќа туку ВО НАШАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА !
Не ја побарав за лични, туку за ПОТРЕБИТЕ НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НОВО СЕЛО!!
– Градоначалник со визија за развој на општината, за слична можност БИ МОЛЕЛ, А НЕ ДА ОДБИВА!
– Можност да има претставник на централната власт преку кој освен граѓаните и тој би решавал општински проблеми поврзани со централната власт, и тој би имал информации од прва рака за потенцијални апликации на проекти на владините повици, но тоа за граданачалник со визија, а ти Ѓорѓи падна на испитот!
-Место да се издигнеш над партиските стереотипи, ти избра да бидеш партиски послушник!!

ЈАС само ќе ти порачам; ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИК НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ДОБАР ГРАДОНАЧАЛНИК!
– Почитувани граѓани на општина Ново Село, иако градоначалникот ни ја ускрати можноста за официјални средби, јас со Вас пак ќе изнајдам начин за комуникација и ќе ви бидам на услуга како ваш НАРОДЕН ПРАТЕНИК!