Пратеникот од ДОМ Мирослав Богдановски поднесе оставка, ќе биде заменет со пратеник од СДСМ

Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски поднесе оставка од функцијата пратеник и планира да се врати на претходното работно место главен инспектор во град Скопје.

На денешната собраниска седница ќе биде констатирана неговата оставка. Се очекува ДИК да даде предлог за следниот пратеник на листата. Следна, како што дознаваме е Анета Симеска од СДСМ, но со оглед на тоа што таа минатиот месец стана вд. директорка на Пазарен инспекторат, најверојатно нема да биде пратеник. Извори од Собранието велат дека пратеничка се очекува да стане Даниела Николова од СДСМ, која е на 13 место на листата во првата изборна единица.

Пратеникот Богданоски, како што дознаваме, решил да се откаже од пратеничката функција затоа што бил незадоволен од раководењето на претседателката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин.

Минатиот месец во ДОМ беа разрешени потпретседателите Мирослав Богдановски и Ана Петровска, директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Тие беа дел од иницијативата за вонреден конгрес која Централниот одбор ја прогласи за нелегитимна.

Link with us
Game bài đổi thưởng