ПРЕД СРЕДБАТА БАЈДЕН – ПУТИН ВО СРЕДА ВО ЖЕНЕВА, АМЕРИКАНСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ГО ПРЕДУПРЕДУВААТ ЏО БАЈДЕН ДА НЕ ЈА НАПРАВИ ГРЕШКАТА НА ЏОН Ф КЕНЕДИ ОД 1961-ВА НА СРЕДБАТА СО ХРУШЧЕВ ВО ВИЕНА

Американските аналитичари се загрижени за средбата Бајден – Путин која треба да се одржи во среда во Женева за време на првата европска турнеја на американскиот претседател Џо Бајден.

Тие предупредуваат до Белата Куќа да внимаваат да не ја повторат грешката на Џон Ф Кенеди од 1961-ва кога тој го потценил рускиот лидер Хрушчов па влегол неспремен и несериозен на средбата во која Хрушчов почнал жестока кавга и распаљотка кон претседателот при што добил впечаток дека американскиот претседателот е многу млад, неискусен, мек, неодлучен и кукавица по што се охрабрил и повлекол неколку тактични потези со што светот бил доведен пред прагот на трета светска војна.

Имено, веднаш после таа средба, Хрушчов наредил изградба на берлинскиот ѕид со кој Берлин бил поделен на источен и западен дел со ѕид и бодликава жица, а потоа наредил да се стационираат нуклеарни ракети во Куба. Сето ова го направил со впечаток дека Кенеди е многу мек и нема да му се спротистави.

На крај сепак Кенеди успеал да се соземе и да успее да го убеди Хрушчов да ги повлече ракетите од Куба откако нареди Куба да се изолира со воени бродови и да нареди потопување на секој советски брод што ќе се доближи до островот.

Аналитичарите велат дека Бајден може да го потцени Путин и да влезе во состанокот многу ноншалантно и меко што би го охрабрило Путин да продолжи со агресијата во Украина и другите соседни земји на Русија и да продолжи со мешањето во изборите во САД со раззни сајбер и шпионски тактики како што тоа се случи во 2016-та кога Трамп доби голема помош од Русија да ја победи Хилари Клинтон.

Единствено нешто што аналитичарите како да забораваат е дека Џо Бајден е веќе 50 години во високата политика, или сенатор или заменик претседател, тоа е веќе големо искуство и тешко дека Бајден ќе си дозволи некакви почетнички грешки со рускиот претседател кој исто така е многу искусен и ја води Русија веќе 21 година, откако како млад градоначалник на Санкт Петерсбург беше избран за наследник на пијаницата Борис Елцин во далечната 2000-та година.

Инаку двајцата добро се знаат се имаат сретнато неколку пати во ерата на Барак Обама.

Link with us
Game bài đổi thưởng