Председателот на ФФМ не дозолил средба на премиерот со репрезентативците, од ФФМ се правдаат дека тоа било поради заштита на фудбалерите од Ковид 19

Председателот на фудбалската федерација не дозволил премиерот Заев да оствари средба со фудбалерите на нашата репрезентација откри вечерва премиерот Заев на интервју за ТВ Клан. Фудбалерите ме поканија да се сретнеме јас со задоволство прифатив но председателот на ФФМ гопсподинот Мети не дозволи средба ни во просториите на федерацијата ниту во ресторан. Сепак јас и фудбалерите деновиве ке се сретнеме и веке ги поканив таа средба да биде во владата. Јас немам ништо против председателот Мети но тој требе да ги почитува законите кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател. Неможе раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат законот а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против председателот Мети,нити го сакам неговото место нити имам некој свој за таа позиција,едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите.

Фудбалската федерација на Македонија денес преку соопштение се заблагодари кон сите кои искажуваат честитки кон репрезентативците пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпреварите од Европскиот шампионат.

Сепак, од ФФМ информираат дека согласно протоколите од УЕФА, не се во можност да организираат каков било прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

– Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур (team bubble), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир. Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот ‘меур‘ за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен – истакнува д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.

Од ФФМ побараа целосно разбирање за ваквите мерки кои се во насока на поголема заштита на репрезентацијата пред заминување на Европското првенство.

Link with us
Game bài đổi thưởng