Преговори МОН – СОНК: Прифатени се сите препораки, нема да се кратат плати, ќе се зголемат платите

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука Синдикатот за образование, наука и култура.

-Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15 отсто почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализираше настава, се наведува во денешното соопштение од Министерството.

МОН и СОНК, како што е истакнато во соопштението, ги усогласиле и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно – образовниот процес во училиштата.

-Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

sun win

sunwin tài xỉu

sun win

sunwin tải sunwin sunwin

tải sunwin apk tải sunwin sunwin tài xỉu