Прекинот во снабдувањето со струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите, вели министерот Сали

Со прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање, објави на Фејсбук министерот за здравство Беким Сали.

„Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент“,

наведува министерот за здравство.