Премиерот Ковачевски: Источната патна мрежа со целосно нов лик, рехабилитирани речиси сите патни врски

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на работните активности на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани.

При обиколката на теренот, каде градежните активности се одвиваат со засилен ритам беше изразено задоволство и уверување за остварен вкупен прогрес од 75% од делницата долга речиси 14 километри и беше посочено дека и во време на КОВИД -19 пандемијата интензивно се работеше на изградба и реконструкција на главните патни делници низ земјата, а годинава се задржува силно темпо и динамиката.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада и ние остануваме и понатаму крајно посветени и максимално ангажирани на овој план. Како и во изминатите години, кога и во време на пандемијата интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата, и годинава го задржуваме тоа силно темпо и динамика.

Резултатите од овие заложби се особено видливи во овој источен дел на државата. Градежните работи во штипско, како централна точка на источниот регион, се одвиваат со засилен ритам и го менуваат ликот на модерните клучки и патни решенија кон Кочани, кон Радовиш и Струмица, кон Пробиштип и кон другите урбани центри на нашиот исток.

Денеска извршивме увид во работите на втората фаза од делницата Крупиште – Кочани како дел од новиот експресен пат Штип – Кочани.

Се уверивме дека остварен е вкупен прогрес на градежните работи од 75% на делницата долга 13,7 километри. Осум километри од делницата е веќе покриен со првиот слој асфалт, а на останатиот дел се завршени земјените работи.

Бетонските конструкции на мостовите и надпатниците се завршени до 80%, и сега се подготвуваат завршните работи на хидроизолацијата.

Во тек е процедура за набавка и поставување на еластична одбојна ограда, а на клучките кај Спанчево се вршат подготвителни работи за монтажа на осветлувањето и се чека приклучок кон напојната мрежа.

Се подготвува набавка за сигнализацијата на патната опрема. Се поставуваат оптички кабли.

Сето тоа ни говори дека Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта заедно со изведувачите и подизведувачите, се придржуваат до роковите и дека во наредните неколку месеци и оваа делница од експресниот пат Штип – Кочани ќе биде завршена.

Делницата Штип – Крупиште пак, веќе е во употреба. Вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Дел од тие средства се од Европската банка за обнова и развој која препозна одржлива инвестиција, дел од страничните правци на Коридорот 8.

Со изградбата на овој модерен експресен пат создаваме брза патна врска помеѓу Источниот и централниот дел на државата. Овозможуваме брза и безбедна врска со граничните премини кон Бугарија.

Кога станува збор за патната мрежа, источниот дел на нашата земја целосно го смени својот лик.

Завршена е делницата на експресниот пат Штип – Радовиш од Три Чешми до клучката за Радовиш. Целосно е рехабилитиран патот Пробиштип – Крупиште. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион.

Модерната патна инфраструктура е од значење и за влез на нови инвеститори, за зголемување на работните места, но и подобра комуникација меѓу граѓаните.

Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради брз економски развој на овој регион и на целата земја“.

sunwin

tải sunwin apk tải sunwin sunwin web

sunwin

sunwin tải sunwin apk game sunwin

sunwin web sunwin apk sunwin