Премиерот Заев и министерот Хоџа на средба со претставници на оризопроизводителите од Кочанскиот Регион: Владата има волја и поддршка за оризопроизводителите, продолжуваат разговорите со откупувачите за изнаоѓање заедничко најповолно решение за овогодинешниот откуп

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Владата одржаа средба со претставници на оризопроизводителите од Кочанскиот Регион, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

Средбата беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.

По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите.

Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа беа изнесени предлог-решенија, кои беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните неколку дена ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување на предложените решенија.

Претставниците на оризопроизводителите изразија задоволство од предложените решенија и истакнаа дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни.

game sunwin

sun win

sunwin

sunwin apk tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

tải sunwin apk sunwin web sunwin.apk mới nhất