Премиерот Заев за „Фокус“: Политичарите треба да ги решаваат, а не заобиколуваат проблемите; Опозицијата не дозволи онлајн седници како што работи целиот свет, дваесетина квалитетни закони се блокирани

Истакнувајќи дека задачата на политичарите е да обезбедуваат услови и да ги решаваат проблемите, а не да ги заобиколуваат тешкотиите, додека од државата си одат младите, премиерот Заев во интервју за неделникот „Фокус“ посочи дека борејќи се против апсолутната власт и барајќи чест и одговорност го доби потребното мнозинство во Парламентот.

„Некогаш има задршки поради тенкото мнозинство, но тоа ја крепи повеќе демократијата од поголемото мнозинство и те држи буден и подготвен за компромиси“, оцени Заев, посочувајќи дека блокирањето на работата на Парламентот е поради несогласувањето на опозицијата за онлајн седници како што работи целиот свет.

Премиерот Заев додаде дека опозицијата блокира дваесетина закони, меѓу кои и Законот за Армијата, притоа не гласајќи за петтиот владин пакет мерки и блокирајќи ја изградбата на Клиничкиот центар и покрај оставената можност да даваат предлози при контролата на надзорниот и програмскиот дел.

Link with us
Game bài đổi thưởng