ПРЕСВРТ – Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа кандидатот на СДСМ во Шутка

Геге Демировски од Народната партија на Ромите, кој во првиот круг на локалните избори беше кандидат за градоначалник на Шуто Оризари поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, сега дава поддршка на кандидатот на СДСМ, Ферат Асан.

Тој вчера се пушти во живо на Фејсбук, седнат до Асан и во еден дел од видеото вели:

-Ве очекувам сите, знаете дека Ферат Асан ќе добие. Апелирам, должи сме да ја сочуваме нашата општина и идниот градоначалник Ферат Асан. Вие гласајте кај што сакате, но еве ги давам гаранција, градоначалник 1.000 посто ќе биде Ферат Асан. Таков е системот во државата.
А, тие што ги направив градоначалници, сега ќе им го спремам куферот, да си одат во Германија.

На ова реагираат од таборот на Курто Дудуш, кој во вториот круг како кандидат на ДОМ/ЛДП ќе се бори против Ферат Асан. Според носителката на советничката листа, Фатима Османовска, ова обраќање на Демировски наведува и индицира на изборни нерегуларности.

-Најстрого ја осудуваме изјавата на претседателот на партијата Народна Партија на Ромите, Геге Демировски, која наведува и индицира на изборни нерегуларности, бидејќи “системот” го става како пресуден за избор на градоначалник а не вољата на граѓаните. Ваквиот вид на изјави само ја отсликува несигурноста на кандидатот за градоначалник на СДСМ Асан Ферат, кој на видеото седи до Геге Демировски и очигледно ја подржува неговата изјава.

Граѓаните мора да знаат дека нивната воља на денот на изборите одлучува за тоа кој ќе ја води општина Шуто Оризари по патот да биде прогресивна и еднаква со другите скопски општини, вели Османовска во изјава за Фокус.

Таа додава дека очекуваат реакција и од матичната партија на кандидатот Асан Ферат за изјавата на неговиот поддржувач која оди во насока на нарушување на довербата на граѓаните во изборниот процес.

sunwin tài xỉu tải sunwin apk game sunwin

sunwin sunwin tài xỉu sunwin apk

sun win

sunwin sunwin web sunwin web

sun win