Претрес во Куманово и Кичево, пронајдени кокаин, амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач

Претрес во Куманово, пронајдени амфетмин и марихуана, приведени дилер и купувач

Денеска (15.05.2022) во 08.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Т. и С.Р. од Куманово.
При претрес извршен со судска наредба во домот на С.Т. биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, пиштол „Екол“ без дозвола, како и поголем износ на пари во различни валути, а на лице место е затекнат С.Р. при купопродажба на амфетамин.

Лицата се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претрес во Кичево, приведен дилер, пронајден кокаин

На 14.05.2022 во 22.50 часот во Кичево од полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево е лишен од слобода И.Б.(39) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.