ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ ПОМОГНИ ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА, БАРАЈ НАЧИНИ ЗА ВИН ВИН ИСХОД, ЗНАЕШ ДЕКА ТОА Е МОЖНО АКО СЕ ПОТРУДИМЕ СИТЕ

Лесно е да најдеш изговори за да не решиш некој прболем.

Во проблемот со БУгарија изговори има исто колку што имаше и со проблемот со Грција.

И двата проблема се ирационални и малку блесави но постојат и се реални и не треба да ги избегнуваме.

Со Грција се најде решение сега е на ред да се реши и проблемот со БУгарија.

Рецептот е многу лесен – дипломатија дипломатија и дипломатија!

Што е дипломатија? Тоа е еден посебен вид на политика, паметна мека ПРОБЛЕМ СОЛВИНГ политика каде се бара ВИН ВИН решение на проблемите со тоа што се право буквално СЛАЛОМ меѓу темите потезите проблемите реакциите со цел да се најде решение.

Претседателот Пендаровски не е од вчера и сето тоа му е јасно, учествувал во такви горчливи преговори како Охридски рамковен договор, па мисслам дека е добро запознаен и со договорот од Преспа.

Дали е Пендаровски изморен, или пак е малку исплашен, што би рекол Фрчко, дали има синдром на РАКА КОЈА СЕ ТРЕСЕ?! Одговорноста на плеќите почнува да тежи и го фаќа паника можеби?

Досега бил советник, давал совети но не носел одговорност, сега за прв пат е одговорен за постапките и можби малце почнува да му се тресе раката?

Но тоа е пат во две насоки. Ок можеби е страшно да се најде решение што ќе има последици врз националните интереси, но што ако не се најде решение и останеме надвор од ЕУ со години, колку е тоа исто така штетно за народот и државата? Доаѓаме до истата ситуација од 2008-ма и грчкото вето во Букурешт. И тогаш Груевски не убедуваше дека нема што да брзаме, како што сега Пендаровски не убедува дека нема што да брзаме во преговорите со Бугарија?

Ајде Претседателе, не забноравај дека те избравме ем да ја чуваш македонската нација и нејзините атрубити, но те избравме и на народот да му отвориш пат, да го внесеш во ЕУ, немој да мислиш дека двете нешта не се исто така важни. Потруди се, помогни, најдете ВИН ВИН решение, каде двете страни ќе изгубат но и ќе добијат, знаеш дека тоа е можно со напор и итроштина и интелигенција, тебе тоа не ти е проблем, ти си и искусен и паметен и итар и интелигентен, каде е проблемот?

Те молам претседателе, помогни, вклучи се, ајде, народот го чека тоа од тебе.

sunwin

sunwin club

sun win

sunwin club sunwin.apk mới nhất game sunwin

sunwin web tải sunwin apk sunwin