Претседателе Вучиќ, реши се, или ќе одиш по патот на Милошевиќ или по патот на Џинџиќ, не може да правиш цик – цак и да се заебаваш со сите нас на балканот…

Пишува: Саше Ивановски Политико

Еден месец ќе одам по балканот и ќе го нудам проектот ОТВОРЕН БАЛКАН со што ќе ги тргам границите на балканот и ќе пропагирам дека балканот веќе не е буре барут туку нова Скандинавија…

После следен месец ќе пратам тенкови и авиони кон преминот Јариње затоа што во Косово решиле сите да имаат исти таблички на колите како што е во цел свет во сите држави?!?!

Добро бре Вучиќу, претседателе, аман значи, реши се, или ќе одиш по патот на Милошевиќ или по патот на Џинџиќ, не може да правиш цик цак, еден месец по патот на Џинџиќ кога ќе сакаш да ги удоволиш про западњаците во Србија, другиот месец по другиот пат, оној на Шешељ и Милошевиќ кога ќе сакаш малце да ги задоволиш четниците и националистите со кокардите за да рипнеш на анкетите…

Дај бре човече не се заебавај, сите не правиш мајмуни, Еди Рама сега седи у некоја софа и си вика која будала испаднав со оние легендарни говори на самитот во Скопје кога ветуваше пустиот Рама дека Балканот ќе биде новата Скандинавија со неколку децениски мир и економски раст…

Заев исто така се истрча со такви говори кога сите не попарија снимките од Србија каде авиони, орли, мигови, тенкови фрчат накај Косово и онаа будала Вулин со закани за војна за пресметка за ова за она?!?!

Вака ли ќе ги креваме платите на балканот?! Вака ли ќе ловиме инвеститори?! Вака ли ќе тргаме граници?! Вака ли ќе одиме на море во Албанија, на езеро во Охрид и на скијање на Копаоник?!

Вака може само пак да си останеме со стаповите во рацете и пак да се иселуваме како што правиме 30 години. Аман Вучичу реши бре човече, ќе бидеш ли новиот Џинџиќ или новиот Милошевиќ, имај храброст и фати еднаш правец и оди по тој пат, не си играј мајтап со цел свет…