Претседателот Ковачевски за МИА: Фокус на економијата за повисоки плати и пензии, намалување на невработеност и економски раст од над 4,6%

Соопштение за јавност

Оваа Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани, рече во интервју за МИА претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Во фокус ќе биде спроведувањето на успешни економски политики и поставување на ефикасен економски модел за новото време. Владата веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот. За таа цел, ќе се фокусираме на систем на работа и исполнување на обврски и превземање на одговорности. Нас ни треба ефикасност, ефективност, позитивни исходи и видливи резултати“ вели Ковачевски.

Со ваков начин на работа Ковачевски очекува раст на економијата, повисоки плати и пензии и намалување на невработеноста на најниско ниво досега.

„Со ваква работа очекувам континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6% до 5,9% годишно. Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Ставаме фокус и на намалување на невработеноста која веруваме дека до крајот на мандатот конечно за првпат во историјата на биде едноцифрена. Така ќе ја зголемиле значајно и личната потрошувачка.

Новата Влада и понатаму останува посветена на зголемување на платите и пензиите. Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата, а најавувам и дека наскоро просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.“ вели Ковачевски за МИА.

Што се однесува до даночната политика, Ковачевски потенцира дека таа ќе остане иста со задржување на сегашните даночни и социјални придонеси но најавува промени за зголемување на приходите преку директно намалување на сивата економија.

sun win

game sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu sunwin

sun win

sun win