ПРИТВОРОТ Е САМО ЗА СИРОМАСИ КОИ УКРАЛЕ МАРУЛА И ЌЕБАПИ: Откако понуди над 7 милиони евра кауција, обвинителството одобрува укинување на активниот притвор на Мијалков

Судот денеска одлучува дали Сашо Мијалков ќе излезе од притвор. Тој добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор, пренесе Телма.

Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.

Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор. Претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса. Додека е во притвор за Мијалков беа донесени две првостепени пресуди, 12-годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушување „Тврдина-Таргет“ и 8 години затвор за случајот Трезор и нелегална набавка на софтвер за следење електронски комуникации.

Оваа одлука на ОЈО е скандалозна! Човекот еднаш веќе избега на институциите па реши да се предаде, сега ако пак избега тие 7 милиона евра не се доволни за да се задоволи правдата, тој треба да си одлежи тоа што му е досудено, не може казните да се откупуваат со милиони евра украдени пари и злосторниците да бегаат по Јужна Африка и тамо да се пензионираат на некоја плажа под некоја палма… Излегува дека притворот е само за тие што се голи стапови и украле марула и ќебапи!

Link with us
Game bài đổi thưởng