Приведен бегалец од затвор, осуден на 10 години и седум месеци затворска казна
На 31.08.2022 во 21.35 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово- Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
Притвор за крадец од Скопје, фатен на дело при извршување кражба
На 30.08.2022 во 12.45 часот на автобуска постојка на ул.„11 ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.С.(55) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да одземе паричник од Р.С.(81) од с.Трново, кривопаланечко, додека се качувал во градски автобус.
Тој бил приведен во полициска станица и против него била поднесена кривична пријава по брза постапка.
Од страна на судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје му била одредена мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје издржување на мерката притвор.