Приведен дилер во Скопје, пронајдена дрога
На 06.09.2022 во 10.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д.(35), затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, екстази и куршуми од огнено оружје. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Куманово
На 07.09.2022 околу 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.З.(29) од Куманово. Околу 10.15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица „Доне Божинов“ во Куманово. Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Приведен крадец во Кадино, фатен на дело додека крадел нафта
Денеска ( 07.09.2022) во Кадино, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ј.(31) од Скопје, кој од товарно возило “мерцедес” одзел 50 литри нафта. Со него е извршен службен разговор во ПСОН Гази Баба каде го појаснил начинот на извршување на делото и истиот признал дека извршил уште една тешка кражба, при што одзел нафта од автобус во с.Миладиновци. По документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.