Приведен измамник од Романија
На 15.09.2022 во 13.30 часот во с.Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Г.И.(23) од Романија. Тој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен гостиварец за издржување затворска казна
Денеска (16.09.2022) во 08.40 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 45-годишниот гостиварец С.А. за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна
На 15.09.2022 во 17.00 часот во с.Герман, општина Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце ја лишиле од слобода В.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Гевгелија. Таа била барана по наредба од Основен суд Гевгелија за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 201 од Кривичниот законик.
В.С. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.