Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
На 04.09.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар. Скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Приведени крадци од Велес
На 04.09.2022 во 05.35 часот на ул.„8-ми Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Приведен крадец во Кавадарци
На 04.05.2022 во 04.15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.П.(27) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на ул.„Илинденска“ од патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистираски ознаки, сопственост на А.Д.(43) од Кавадарци, одзел пари и личен документ. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен бегалец од затвор баран со потерница, вратен во казнено поправната установа
На 05.09.2022 во 00.05 часот на ул.„8-ми Септември” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода И.С.(27) од Битола. Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Битола. По приведувањето, тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.