Приведени две лица, пронајдена муниција, Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Кочани

Приведени две лица, пронајдена муниција

На 11.05.2022 околу 12.40 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишија од слобода К.Г.(26) и Ф.М.(21), двајцата од с.Стајковци, скопско.
При преглед во патничко возило “мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, извршен на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба во кое се затекнати двете лица, пронајдени се и одземени две кутии со куршуми 7.62 мм.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Кочани

Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани – одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани – вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член 204 став 1 и 4 од Кривичниот законик.
На 13.02.2022 во 00.00 часот, при контрола во угостителскиот објект, биле затекнати пет малолетници кои биле послужени со алкохолен пијалок од третопријавениот А.М.