Приведени седум лица во Скопје, кај нив пронадена дрога, Расчистени шест кражби и тешки кражби на подрачјето на СВР Штип, приведени четири лица, Контроли во угостителски објекти на подрачјето на Битола, пет го нарушиле јавниот ред и мир со прегласна музика

Приведени седум лица во Скопје, кај нив пронадена дрога

На 28/29.05.2022 од страна на Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Карпош, при извршена контрола на посетители на музички концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје лишени се од слобода 7 лица.

Притоа, кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Р.Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Расчистени шест кражби и тешки кражби на подрачјето на СВР Штип, приведени четири лица

На 28.05.2022 во СВР Штип од страна полициски службеници од Одделението за општ криминал бил извршен службен разговор со Џ.Ј.(18) и малолетник, двајцата од Штип, во присуство на нивниот родител, поради основано сомнение дека на 09.05.2022 од детска градинка одзеле повеќе различни предмети, со што сториле кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236, ст.1 од Кривичниот законик. Двете лица го појасниле начинот на извршување на кривичното дело и против нив ќе биде поднесено известување до ОЈО Штип.

Малолетникот бил повикан во полициска станица и претходниот ден (27.05.2022) и при извршен службен разговор со полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Штип, во присуство на родител, тој го појаснил начинот на извршување на уште три кривични дела, од кои две кражби и една тешка кражба. Кражбите ги извршил на 01.05. и на 24.05.2022, при што од едно лице од Штип во двата наврата одзел повеќе предмети, а тешката кражба ја извршил на 03.08.2020, при што од правно лице одзел предмет. По целосно документирање на случајот, во координација со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, против него ќе биде доставен соодветен поднесок до ОЈО Штип.

Истиот ден (27.05.2022) службен разговор бил извршен и со Е.М.(21) од Штип, поради постоење основано сомнение дека на 06.04.2022 извршил кривично дело кражба, при што од едно лице одзел предмет. Е.М. го појаснил делото, а украдениот предмет бил пронајден и ќе биде вратен на сопственикот. Против Е.М. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 ст.1 од Кривичниот законик.

Уште едно кривично дело „тешка кражба“ извршено на 17.12.2021 на подрачјето на Штип, поточно во с.Стар Караорман, е расчистено од полициските службеници на СВР Штип во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци. Против сторителот Љ.А.(48) од Кавадарци, кој го појаснил делото, а дел од украдените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот, ќе биде поднесена пријава до ОЈО Штип по член 236 став 1 од Кривичниот законик.

Контроли во угостителски објекти на подрачјето на Битола, пет го нарушиле јавниот ред и мир со прегласна музика

Во текот на 28/29.05.2022 во периодот од 23.00 до 02.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола во врска со прегласна музика, односно нарушување на јавниот ред и мир поради голема бучава.

Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

sunwin apk sunwin web sunwin web

sunwin tài xỉu game sunwin tải sunwin

sunwin

tải sunwin

sunwin club sunwin club game sunwin