Признајте дека Чифлиганец го мразите затоа што е провинцијалец кој успеал да се збогати и тоа асално, тоа Скопјани никако не го простуваат…

Ако си од провинција дојден во Скопје се знае што можеш да правиш, да си келнерче, таксиста, молер, и тук там успешен инженер доктор ова она ама сигурно не, НИКАКО НЕ, главен даса, мултимилионер, тоа НИКАКО, тоа Скопјани никад нема да ти го простат!

Затоа што оваа држава е нивна, ние провинцијалците сме тука да попуниме простор, да личи државата на држава значи да има народ, али Скопјани се тие што треба да се на врвот на пирамидата…

Па додуше тоа и е за очекување, со куќи во центарот на Скопје кои сега ги шиткаат за згради, тие се милионери по автоматизам, само што се живи, не треба ништо да работат, само треба да се потпишат на нотар дека ја даваат куќата за 3-4 стана и нешто кеш…

Со роднинско стебло кое се протега по разни судии, обвинители, академици, пола бизнис фела, пола попови и владици, пола политичари, едноставно за да успеат Скопјание треба само да не се дрогираат и да не се ментално болни, се другото само ќе си дојде…

Ние провинцијалците без ебан денар без никакви врски сме оставени да се снаоѓаме во главниот град да тераме се на најтежок можен начин со презир да бидеме гледани од Скопјани, на сите можни конкурси, кариера трки и бизнис можности ние сме далеку далеку позади стартната линија трчаме со една нога со заврзани очи и се удараме у секое можно дрво и пропаѓаме у секоја можна дупка на патот…

Но ете некои од нас успеваат да стигнат до врвот и тоа особено важи за Ванчо Чифлиганец и тоа гледам јавноста никако не може да му го прости, го мразат од дното на душата, небаре тој е крив што оние што го мразат не се успешни милионери туку врзуваат крај со крај…

Македончето мрази успешни, али како што Скопјанчето мрази успешни провинцијалци, тоа е дечки чиста патологија…

За Скопјаните, да си Скопјанец а милионер е нешто сосема природно и нормално, како снег у јануари, ама да си провинцијалец и богат, тоа е како магаре нашминкано качено на штикли, тоа е јебено нешто НЕНЕРМАЛНО, мора тука да има нешто спорно, спуки, криминално, омраза мора да се има кон тој човек, просто тоа НЕ Е У РЕДУ ЉУДИ?!?!

Link with us
Game bài đổi thưởng