ПРОБИШТИП СЕ ПОДНОВИ СО 4 НОВИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ И 140 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ

ℹ️ Општина Пробиштип постојано работи кон подобрување на услугите на граѓаните, во таа насока ЈКП “Никола Карев” од почетокот на месец јуни започна со нов концепт во делот на собирање на сметот од домаќинствата, односно започна со вечерно изнесување на сметот од 18:00 часот.

ℹ️ Јавното комунално претпријатие во изминатиов период преку проектот за регионалната депонија, го зголеми возниот парк со 3️⃣ нови возила за смет и уште 1️⃣ возило преку донација од Јапонската амбасада, со што се надминати и решени проблемите со стариот возен парк.

? Во периодов следи и набавка на 1️⃣4️⃣3️⃣ контејнери со што општината заедно со населените места, целосно ќе биде опфатена со контејнери за исфрлање на смет.
➡️ Продолжуваме да работиме, за подобра општина и подобри услуги на граѓаните!

Link with us
Game bài đổi thưởng