Продолжен мандатот на Рубин Земон во партијата “ПОЕН”

Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“, на ден 20/12/2020 одржа онлајн седница на Главниот одбор, кој поради вонредните околности поради пандемијата ги има ингеренциите на Собранието како највисок орган на партијата. На седницата претседателот на партијата д-р Рубин Земон поднесе извештај за работата на партијата како и беше анализирана актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, објави на својот ФБ профил претседателот на ПОЕН Рубин Земон.

Земон во објавата додава:

Покрај одредени измени и дополнувања на Статутот на ПОЕН, со кој се зголеми родовата рамноправност и младинското учество во органите и телата на партијата, се утврдија и нови форми на делување на партијата, како што е академскиот совет и воспоставувањето на функцијата „комесар“ за одредена област.

Се направи и избор на органите на ПОЕН, односно нов Надзорен одбор со кој претседава Медо Балиќ од Скопје, како и се избраа нов Главен одбор од 41 член како највисоко тело на Партијата меѓу две Собранија. За претседател на Главниот одбор се избра Благоја Костовски од Прилеп. Поради специфичните статутарни одредби при избор на претседател на Партијата, кој што се бира со тајно гласање, Главниот одбор реши да се продолжи мандатот на Рубин Земон како претседател на ПОЕН, се додека не се создадат услови за физичко присуство на сите делегати на Собранието на ПОЕН и спроведување на тајното гласање, односно откако ќе заврши кризната состојба со пандемијата на КОВИД 19.За потпретседатели на ПОЕН се избрани: М-р Симона Ристевска од Скопје, м-р Дијана Марковиќ од Скопје, Милан Тоцев од Прилеп и Димитар Илиевски од Скопје. За секретар на ПОЕН е избран доц. д-р Александар Манасиевски од Скопје. За членови на Извршниот одбор на ПОЕН се избрани: Љупчо Петровски од Делчево, Гоце Величковски од Росоман, Мирослав Анастасов од Кавадарци, Никола Шалваринов од Скопје, Цоки Ристовски од Куманово, М-р. Ирена Оровчанец од Скопје, Беатриса Асаноска од Кичево, и Верица Џијановска од Скопје.За претседател на академскиот совет на ПОЕН е избран проф. д-р Ѓорѓи Тоновски.

За Комесари по области се избрани следните лица: Инвестициони политики: Мирослав Анастасов, развој на бизнисот и претприемништвото: Блажо Зафировски, земјоделие : Гоце Ивановски, шуми и пасишта: Тони Ангеловски, мултикултурно општество и интеграција: м-р.Ирена Оровчанец, економија: Гоце Величковски, труд, социјална политика и пензионери: М-р. Симона Николовска, култура, културно наследство и туризам: Елеонора Џалева, безбедност: Дијана Марковиќ, здравство: д-р. Ивона Бошкова Спасовска, локална самоуправа и јавна администрација: Цоки Ристовски, родова еднаквост и еднакви можности: Марина Мартиновска, млади и студентски прашања: Јована Милчевска, спорт и рекреација: Љупчо Петровски.

Link with us
Game bài đổi thưởng