ПРОДОЛЖУВА КАТАСТРОФАЛНОТО МЕНАЏИРАЊЕ СО ГРАДОТ НА ДАНЕЛА: ГРАД СКОПЈЕ УШТЕ НЕМА НАБАВЕНО СРЕДСТВО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ, СЕ ПРСКА СО ЗАЛИХИ ОД ЛАНИ

Со залихи од лани досега се прскаше еднаш авионски, еднаш од земја.(Фото: К. Попов)

Град Скопје уште нема набавено средство за прскање против комарци оти пропадна тендерот. Според податоците на Бирото за јавни набавки, тендерот е поништен на 4 мај со образложение дека не е поднесена ниту една прифатлива понуда. Нов, втор тендер е распишан на 7 мај, а фирмите понудите треба да ги достават до 27 мај, по што ќе се прави изборот. Тоа значи, ако биде успешен тендерот, најрано кон почетокот на јуни ќе биде склучен договор со фирма, со оглед на тоа дека дека треба да се запазат роковите за жалби.

Во понеделникот од Град Скопје информираа дека неделава ќе го спроведуваат второ прскање против комарци кое ќе биде од земја, а на нашето прашање со што се прска кога тендерот е поништен ни одговорија дека се користат залихи. Првото прскање беше авионско и се изврши на 29 април.

„Тековното прскање против комарци се спроведува со средствата од залиха од претходните набавки, со цел навремено отпочнување на процесот во интерес на граѓаните. Јавната набавка на средства за прскање против комарци којашто моментално се спроведува е согласно со законската процедура“, велат од Град Скопје.

Градот неколку години наназад склучува двегодишни договори за прскање против комарци. Се распишува тендер за аероклуб кој има авиони за прскање и втор тендер е за набавка на средството против комарци. Тендерот за аероклуб е завршен и како и минатите две години и оваа го доби Друштво за воздушен транспорт „Аероклуб“ Скопје ДОО Чучер Сандево и е во висина од 32.399.850 денари или околу пола милион евра.

sun win

sun win

sun win

tải sunwin tải sunwin game bài sunwin

sunwin