Пронајдена дрога во тетовско, приведени три лица
На 05.09.2022 во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од с.Голема Речица, тетовско. При преглед кај лицата и во возилото „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9мм без документи и една дробилка.
Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Приведен крадец од Охрид
На 06.09.2022 во 03.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(34) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари, накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Расчистена кражба во Куманово, одземеното вратено на сопственикот
На 05.09.2022 околу 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.А.(34) од Република Србија. Таа се сомничи дека во текот на денот извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец од тетовско
На 05.09.2022 во 13.00 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Б. од ова село. Тој се сомничи дека на 3-ти овој месец од спортска обложувалница во селото противправно одзел парични средства. По документирање на случајот против Ј.Б. ќе следува соодветен поднесок.