ПРОПАДНА ПЛАНОТ НА МИЦКОВСКИ ЗА ПРЕВРАT: Коалициските партнери му остануваат верни на СДСМ

Откако изборнитe резултати во првиот изборен круг во прилог на опозицијата ги подгреаа најавите за евентуално формирање на ново парламентарно мнозинство после вториот круг, засега сите коалициски партнери на владејачката СДСМ, независно дали имаат пратеници во парламентот или не, тврдат дека немаат намера да на напуштат власта.

„Резултатите од првиот круг на локалните избори, поддршката од граѓаните што ја добивме како коалиција, создава дополнителна обврска да продолжиме напред, да ја почитуваме нивната изразена волја, да ја развиваме локалната демократија и ги штитиме државните интереси. НСДП е цврста и единствена во одлуката за останување во владејачкото мнозинство и продолжување по политичкиот пат кој води кон прогрес на државата“, соопштија од НСДП на Тито Петковски.

И Демократскиот сојуз на Павле Трајанов повика на масовна поддршка за кандидатите на коалицијата предводена од СДСМ во вториот изборен круг, истакнувајќи дека стојат цврсто на ставот дека коалицијата може заедно да направи пресврт и во вториот круг да обезбеди победа, а со тоа, како што велат, и поддршка на владините политики.

„Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската унија, да јакне стабилноста и економскиот развој. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните. Цврсто стоиме на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред“, велат од таму.

Исто така, и ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски порача дека останува дел од владината коалиција и најави тесна соработка со коалициските партнери во вториот круг од локалните избори.

„ВМРО-Народна партија како дел од Владината коалиција која во моментов држи стабилно парламентарно мнозинство мора да го реализира до крај зацртаниот пат кон конечна интеграција на државата во ЕУ, а тоа може да го направи само со цврста волја и стабилен тим кој го поседува токму оваа коалиција „Најдоброто за нашата општина“, истакнаа од таму.

Дека остануваат дел од владината коалиција потврдија и Партијата на пензионерите, Демократската партија на Турците, Демократскиот сојуз на Власите, Сојузот на Ромите, ПЦЕР. Претходно, тоа го стори и БЕСА чиј лидер Биљал Касами се бори за градоначалник на Тетово со Теута Арифи од ДУИ. И од ДУИ нагласија дека мнозинството е стабилно.

Воедно, и ЛДП и ДОМ, кои на изборите настапија одвоено, истакнаа дека немаат намера да ја напуштат власта, но, за разлика од останатите партнери, не побараа отворена поддршка за СДСМ, туку им оставија на нивните гласачи самостојно да одлучат како ќе се однесуваат во вториот круг.

sunwin

sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin

tải sunwin