ПРОПАГАНДАТА НА УДБА Е МАЕСТРАЛНА, НЕ НАУЧИЛА ПАТОЛОШКИ ДА ГИ МРАЗИМЕ БУГАРИТЕ, ЕДИНСТВЕНИОТ НАРОД КОЈ ШТО ГИНЕЛ СО НАС ЗА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ, НИКОЈ ДРУГ БАЛКАНСКИ НАРОД ТОА НЕ ГО НАПРАВИЛ ЗА НАС

Навистина е маестрална пропаганда да успееш да ги скараш двата народа кои се најблиски на балканот. И тоа да ги скараш за век и веков.

Ние ги мразиме БУгарите, единствениот народ кој решил да гине со нас за да се ослободиме и бидеме независна држава. Никој друг народ не ни понудил помош.

Бугарите не само што дале пушки и пари за илинденското востание туку и лично учествувале во битките и гинеле на полињата заедно со нас.

И ние сега ги мразиме како најголеми душмани?!?! Само затоа што велат дека сме браќа и не сакаат како браќа?

Мора да им се скине капа на мешетарите на УДБА, ваква завера да ти успее, да го испереш мозокот на цел народ со книги со филмови со медиуми и Македонците најмногу да ги мразат баш своите браќа со кои заедно кревале востанија и гинеле на боиштата е навистина неверојатен маестрален пропаганден триумф.

Никој не е рамен на пропагандата на УДБА, веќе 30 години не постои во реалност, а последиците се со тек на време посилни наместо да слабеат. Се уште Тито го сметаме за хуманист и голем лидер а човекот бил де факто диктатор кој владеел како крал и полнел затвори и уништувал човечки животи и се уште ги мразиме БУгарите и ги навредуваме и се гадиме од нив, од своите браќа кои толку многу пати во историјата ни помогнале…

Ни помогнаа да го кренеме Илинденско востание, не ослободија од српското ропство, па ни помогнаа да ги избркаме Германците, па потоа во 1991-ва први не признаа, во 2001-ва ни дадоа оружје откако не нападна Косово, потоа ни дадоа 100 000 пасоши за да можат нашите луѓе да работат ширум Европа и да донесат дома милијарди евра без кои кој знае како ќе преживеевме…

Време е да се бориме со таа УДБА пропаганда која се уште дрма во земјава, време е таа пропаганда да ја испратиме во историјата за конечно да не бидеме најголеми непријатели на најблискиот братски народ а тоа се БУгарите.

Зошто да немаме ист однос кон Бугарите каков што имаме кон Србите? И Србите ни направиле грешки и штета во одредени моменти во историјата па сме им простиле? И сега со Србија имаме некои недоразбирања па тоа не ни смета да се сакаме? Зошто со Бугарите да не биде така? Зошто мора со Србите да се сакаме а со Бугарите крвно да се мразиме?!