ПРОСТОРОТ ПОД СКОПСКО КАЛЕ ЌЕ СЕ УРЕДИ И ЌЕ СЕ НАПЛАТУВА ПАРКИНГ, ШИЛЕГОВ АПЕЛИРА ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Градоначалникот Шилегов заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на денешната акција за чистење на просторот под Кале. (Фото:К.Попов)

Паркингот под тврдината Кале кој сега е неуреден, запуштен и Скопјани го користат како див полигон за возење ќе се наплатува. Градоначалникот Петре Шилегов денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на животната средина најави дека овој простор во иднина ќе се уреди, ќе се воведе организирано паркирање, а ќе бидат изведени и спортски игралишта. Со тоа ќе се добие уште еден влез во Градскиот парк и паркинг простор за посетителите на Зоолошката градина, Дино паркот и Забавниот парк кој допрва ќе се гради.

„Оваа локација во изминатите три години беше предмет на анализа која Град Скопје ја правеше со УНДП, во форма на две студии. Просторот ќе биде фокус на Градот во иднина, во смисла на уредување на јавен простор. Ќе воведеме организирано паркирање, предвидено е да се изведат кошаркарски игралишта, памп трак полигон, со цел овој девастиран простор да го ставиме во фунцкија. Ги повикувам граѓаните и сега да го користат овој простор како паркинг наместо да одат во гужвите кај Зоолошка градина бидејќи преку мостот на Вардар веднаш се во Градскиот парк“, рече градоначалникот Шилегов кој заедно со премиерот Зоран Заев присуствуваа на денешната акција за чистење на просторот.

Од петокот во склоп на Зоолошката градина отворен е Дино паркот, кој за една недела го посетиле 15.000 граѓани. Од отворањето на Дино паркот паркингот пред градината и пред бараките на Град Скопје е полн со возила, а за викенд нема шанси да се најде слободно паркинг место.

Link with us
Game bài đổi thưởng