Протест за намалување на менструалната сиромаштија – „5% данок на производи за менструална хигиена сега!“

Фото: Мета.мк
Намалување на менструалната сиромаштија, бидејќи менструалната хигиена не е привилегија, туку прашање од јавен интерес, беше едно од неколуте барања кои активистки од неколку граѓански организации на мирен протест пред Министерството за финансии денес ги упатија до надлежните институции.

Тие побараа намалување на ДДВ-то и субвенционирање на менструалните производи во основните и средните училишта и јавните тоалети, на товар на буџетот на територија на целата земја.

„Стапката на ДДВ за менструалните производи е 18 проценти, исто колку и за шише виски или, пак, кутија цигари, затоа бараме намалување на данокот на 5 посто сега“, порача Љупка Трајановска, претставничка на Мрежата за родово одговорно буџетирање читајќи го заедничкиот проглас.

Учесничките на протестот нагласија дека во 2021 година за 70 проценти е зголемен бројот на вагинални инфекции поради недостапност на соодветни производи за управување со менструалното здравје. Затоа побараа и промовирање на употребата на менструални чашки преку субвенционирање на цената.

„Тука сме да ја разбиеме менструалната стигма. Не, менструацијата не е срамна“ рекоа активистките додавајќи дека е срамно да се дозволи жените и девојките сѐ уште да користат замоткани крпи или весници кога менструираат.

Членките од Платформата за родова еднаквост, Period Movement Скопје и Мрежата за родово одговорно буџетирање своите барања ги доставија до Министерството за финансии и рекоа дека очекуваат надлежние институции да преземат конкретни мерки со кои ќе се врати достоинството на жените и девојчињата во државата.

sun win

sun win

sunwin sunwin web sunwin.apk mới nhất

sunwin apk

sunwin tải sunwin apk tải sunwin apk