(ВИДЕО) ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА УЛИЦА ВО ЧАИР КОЈА ЌЕ НОСИ ИМЕТО НА УКШИН ХОТИ, АЛБАНСКИ ХЕРОЈ КОЈ ЗАГИНАЛ ВО БОРБАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА КОСОВО

“УКШИН ХОТИ“ ИСТОРИСКО ИМЕ СРЕДЕ СТАРA СКОПСКА ЧАРШИЈА, СОНИШТАТА СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ

Во присуство на лидерот на Албанците Али Ахмети денеска свечено ја промовиравме улицата што ќе го носи името на колосот на албанскиот народ Укшин Хоти. Оваа улица која до денес беше „Лазар Танев“ сега е „Укшин Хоти“, се наоѓа на едно од најубавите и најстарите места во нашето Скопје и во срцето на Чаир – Старата чаршија. Името на оваа улица ќе го одржува жив споменот на визионерскиот идеолог на националната кауза, човекот кој својот живот му го посвети на Косово, додека умре сонувајќи дека еден ден ќе стане држава со демократија како што тој ја нарече автентична! Стотици граѓани на нашата општина Чаир во личните документи ќе го носат името на Укшин Хоти. Името на Укшин Хоти ќе го повторат илјадници туристи кои секојдневно минуваат во оваа улица и доаѓаат од целиот свет. Денеска со своето присуство не почести и сестрата на Укшин Хоти, г-ѓа Мирвете Хоти.

Укшин Хоти е само едно од 66-те нови имиња со кои неодамна беа преименувани улиците на општина Чаир, меѓу кои има многу истакнати личности кои ќе бидат трајни белези и потсетување за сите нови генерации. По инаугурацијата на улицата во соработка со општина Чаир и Државната агенција за архива на Косово, на покана на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје беше отворена изложбата „Направи или умри!“, посветена на животот и делото на Укшин Хотит.
Во оваа прилика би сакал неизмерно да им се заблагодарам на сите соработници кои помогнаа да се направи историскиот Чаир со нови имиња.

tải sunwin

sunwin web sunwin apk sunwin web

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin apk sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất