ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ДВЕ НОВИ ПАРКИРАЛИШТА НА ЈП ПОЦ КАЈ ЗЕЛЕН ПАЗАР

Скопје, 16 ноември 2020 – ЈП Паркинзи на Општина Центар денес пушта во употреба две нови паркиралишта во склоп на Зелен Пазар согласно постигнатиот договор на состанокот помеѓу ЈП ПОЦ, Општина Центар, Скопски Пазар и пазарџиите од Зелен пазар со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

ЈП Паркинзи на Општина Центар, го уреди „дивиот паркинг“ позади Зелен пазар кој беше во хаотична состојба и нефункционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски Пазар и постави нов систем за контрола со влезно-излезни рампи. Од ова неуредено паркиралиште, ЈП ПОЦ направи две функционални паркиралишта, едното паркиралиште е наменето за товарните возила на пазарџиите, а другото за жителите на ул. „11-ти Октомври“ бр. 16, 18, 20, 22, 24, 26 и 28 и бул. „Кочо Рацин“ бр.32 и 38. Со отворање на овие паркиралишта, паркиралиштето „Аутомакедонија“ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови.

Во наредниот период, контролите на ова паркиралиште ќе бидат зачестени и сите нерегуларности ќе бидат санкционирани. „Определивме простор за товарните возила кој од денес веќе е во функција и доколку нашите контролори затекнат товарни возила надвор од затворениот простор, тие веднаш ќе бидат санкционирани. Правилата и редот ќе мора да ги почитуваме сите.“ – изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin club tải sunwin apk

sun win

tải sunwin tải sunwin sunwin apk

sunwin