Путин го предупреди Макрон: Целта на Кремљ по секоја цена ќе биде исполнета

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон.

Според Кремљ, Путин му рекол на францускиот претседател дека целите на воената операција во секој случај ќе бидат исполнети.

Путин не се согласи со зборовите на претседателот на Франција, кој истакна дека Русија со „лаги“ во Украина се бори против нацизмот. Според Кремљ, Путин дал објаснувања за улогата на неонацистите во земјата.

Рускиот претседател уште еднаш посочи дека неговата земја сака демилитаризација и неутрална позиција на Украина, така што секоја закана за Русија би била елиминирана.

Што се однесува до гранатирањето на Киев, Путин му рекол на својот француски колега дека наводите за напади врз цивили не се точни, но дека „елементите на антируската кампања се дезинформации“.

Путин го повика Макрон да ги здружи напорите за да обезбеди сигурна евакуација на странците од Украина, тврдејќи дека западните земји не направиле апсолутно ништо за да го принудат Киев да ги почитува договорите од Минск

Link with us
Game bài đổi thưởng