Путин со услови до Украинците: Ќе прекинеме со нападите ако ветите дека ќе бидете неутрални и нема да распоредувате оружје

Москва е подготвена да преговара за условите на предавање со Киев, изјави попладнево портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руски РТ.

Тој тврди оти Путин „изразил подготвеност за вклучување во разговори со неговиот украински колега“, меѓутоа со акцент за добивање на гаранции дека Украина ќе биде неутрална и со ветување дека нема да држи оружје на својата територија.

Според зборовите на Песков, „тие услови би овозможиле демилитаризација и денатофикација на Украина“ и би го елиминирале она што Русија моментно тврди дека претставува опасност по нејзината безбедност.

„Претседателот ја претстави својата визија што очекуваме од Украина за да го решиме проблем на т.н. „црвени линии“. Тоа е неутрален статус и одбивање за распоредување на оружје, повтори Песков.

Тој додаде дека Путин ќе одреди време за преговори, нагласувајќи дека Русија ќе се ангажира само „доколку украинското раководство изрази подготвеност да разговара за тоа“.

„Операцијата има свои цели и тие мора да се остварат. Претседателот рече дека се донесени сите одлуки и дека целите ќе бидат реализирани“, продолжи Песков, сугерирајќи дека нападот на Украина може да биде запрен, ако Киев се согласи да ги исполни руските барања.

Link with us
Game bài đổi thưởng