Работниците на Фијат во Крагуевац на протест, блокиран влезот во фабриката

Во седум часот наутро работниците на Фиат го блокираа влезот на фабриката во Крагуевац бидејќи не се задоволни од динамиката на решавање на нивниот статус. Тие бараат од менаџментот на Фијат да исполни четири барања кои тие ги испратиле до Владата, а во спротивно најавуваат поголеми протести.

Зоран Миљковиќ, од Синдикатот Гијат пластика, вели дека на предупредувачкиот протест се собрале околу 800 работници кои стравуваат за својата иднина.

-До вторник му даваме рок на премиерот до кого ги испративме барањата и на нашиот работодавач Стелантис да се договорат. Нашето основно барање е никој да не може да биде отпуштен од работа и се мора да биде на доброволна основа, без разлика дали се работи за заминување во странство на работа, дали се работи за социјална програма. Во спротивно ќе го радикализираме протестот и ќе ги блокираме патиштата во Крагуевац и ќе ги поканиме да ни се придружат и други работници од нашиот град – вели Миљковиќ.

Премиерката Ана Брнабиќ им се заблагодари на вработените во Фијат кои утринава одржаа едночасовен протест кој како што реле таа бил фер, не ја блокирале фабриката и рече дека и понатаму и веруваат на Владата на Србија.

Брнабиќ рече дека на едночасовниот протест имало околу 300 работници и најави дека денеска во 10:30 часот ќе ги продолжи разговорите со претставниците на Стелантис.

Таа им порача на работниците дека Владата на Србија ќе даде се од себе да ги заштити.

„Договорот беше владата да посредува во разговорите меѓу Стелантис и синдикатот. Да се ​​обиде да ги подобри условите за работниците кои нема да останат во фабриката Стелантис, во транзицијата до 2024 година, кон нов електричен модел“, рече премиерката.

sun win

tải sunwin

sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin web tải sunwin game sunwin