Рамадани: Додека Ахмети е лидер, ДУИ ќе биде на врвот

Пред 20 години побаравме од Ахмети да не формира партија, а политичките барања да ги изнесат ПДП и ДПА, открива тој за Фокус.

Во периодот по завршувањето на воениот конфликт во 2001 година, тогашната албанска политичка елита во земјава барала командантот на ОНА Али Ахмети да не формира партија, открива поранешниот функционер на ПДП Исмет Рамадани во најновиот број на неделникот Фокус.

-Иако побаравме Ахмети да не формира партија, а политичките барања да ги адресираат и артикулираат ПДП и ДПА, сепак, тој ја формираше ДУИ и сметам дека се додека тој е на чело на оваа партија таа никогаш нема да пропадне како ПДП и ДПА – вели Рамадани.

Кога се формираше ДУИ пред 20 години, додава тој, расположението во ПДП не беше да се влезе во конфликт со новата албанска партија.

-Ограноци се префрлуваа, раководството во голем дел беше акомодирано, па потоа се префрли во ДУИ. Овој процес целосно заврши во 2006 година, кога пратениците на ПДП преминаа во ДУИ и веќе никогаш ПДП не се обнови – вели Рамадани.

Тој истакнува дека партијата што произлезе од ПДП – ДПА, првично подобро поминала од ПДП, но, како што нагласува, никогаш реално не и се спротивставила на ДУИ.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

sunwin

game sunwin tải sunwin tải sunwin apk

sunwin

sunwin.apk mới nhất game sunwin sunwin web

sunwin tài xỉu sunwin club sunwin apk