Рашковски: Ќе докажеме дека софтверот е инсталиран и нема штета врз буџетот

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не поседува никакви докази за кривичните дела кои му се ставаат на товар на обвинетиот Драги Рашковски, смета одбраната на поранешниот Генерален секретар на Владата.

Самиот Рашковски, на денешното рочиште за случајот „Софтвери“, во својот воведен говор, рече дека во тек на ова судење ќе докажат каква дигиталната форензика треба да имаме.

– Многу е тешко да најдете црна мачка во црна просторија. Уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Во тек на ова судењето ќе докажеме дека црна мачка не постои. Многу релевнатни докази се сокриени од судот и од нас, т.е. дописот-известувањето до Јавното обвинителство дека двата софтвери се ставени во функција, рече првообвинетиот Рашковски.

Тој, воедно најави дека од Судот ќе побараат на лице место да утврдат дали софтверите работат и дали кабините се поставени.

Меѓу другото, обвинетиот Рашковски истакна дека Јавното обвинителство немало информација за надлежностите на Генералниот секретар на Владата.

Одбраната на второобвинетиот Ивица Димитровски, универзитетски професор, рече дека обвинителството сака со економско вештачење да докаже дека на трансакциска сметка второобвинетиот му дал пари на обвинетиот Рашковски, и тоа без сведоци и обележени пари.

Обвинителката Вилма Рускоска, во својот воведен говор посочи дека во оваа постапка преку докази ќе го уверат судот дека обвинетиот Драги Рашковски нерационално и непродуктивно ги трошел народните пари за камери, кабини кои што, дел не се наоѓаат во просториите на Владата и никој нема објаснување.

– Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални цели, најави Русковска.

Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а како застапник на обвинението на денешното рочиште се појави обвинителката Вилма Рускоска. Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е закажено за 24 март.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување” од КЗ.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Link with us
Game bài đổi thưởng