Расте бројот на заболени лица од дијабетес

Бројот на заболени лица со дијабетес во земјава и во светот се повеќе (ќе) расте. Ваквата состојба ја влошува и ситуацијата со пандемијата КОВИД 19. Бројката на заболени во светски рамки во 2017 година се движеше околу 400 милиони лица, но статистичките предвидувања говорат дека до 2045 година, оваа бројка ќе се искачи на околу 600 милиони лица.

„Дијабетес мелитус (Diabetes mellitus), посебно тип 2 е заболување кое, во денешни рамки не е само здравствен, туку и социо-економски проблем. Во нашата земја, како и на глобално ниво, бројот на заболени лица постојано е во пораст. Ова ја наметнува потребата од навремено откривање на заболувањето, но уште повеќе и од соодветно лекување – гликемиска контрола. Дијабетесот создава многу микроваскуларни и макроваскуларни компликации, кои ги оштетуваат, пред се крвните садови, но и многу други органи – срцето, бубрезите, очите, нервниот систем. Затоа се препорачува соработка меѓу дијабетолозите и другите специјалности, посебно кардиолозите во менаџирање на дијабетесот“, објасни примариус д-р Билјана Филиповска Шимиќ, специјалист – интернист во ЈЗУ Здравствен дом Скопје – интерно одделение Букурешт во своето обраќање на темата „Дијабетесот и кардиоваскуларни заболувања – новини во лекувањето“.

Според неа, направени се многу иследувања и студии кои покажуваат дека лековите за третман на дијабетес имаат своја улога и во лекување на кардиоваскуларните заболувања, пред се на срцевата инсуфициенција. „Она што не смее да се занемари е фактот дека лекувањето на дијабетесот почнува со промена во животните навики, внимание на исхраната и физички ангажман. Затоа, од наша страна како професионалци, но и како Лајонси, кои во основа го третираат дијабетесот како едно од полињата на дејствување, треба да помогнеме во стопирање на трендот на пораст на бројот на заболени од дијабетес“, вели Филиповска Шимиќ.

Според нејзиниот колега, професор д-р Ивица Смоковски, специјалист – интернист, супспецијалист – ендикринолог, кој говореше на тема „Дијабетес во време на Ковид 19“, состојбата со болните од дијабетес се повеќе се усложнува заради условите од пандемијата.

„Состојбата ја усложнува и пандемијата КОВИД 19, каде заболените лица со дијабетес се со зголемен ризик за тешка форма, хоспитализација и смртност. Затоа, препорачуваме лицата со дијабетес, но и сите граѓани, да бидат вакцинирани, односно да примат booster доза. Процентот на вакцинирани граѓани во земјава е мал и треба да се работи на зголемување на овој процент“, рече д-р Смоковски.

Предавањето за дијабетесот го организираше Лајонс клуб Вардар за да се зголеми свесноста и да се едуцира населението за болеста дијабетес и сите нејзини предизвици.

sunwin

sun win

sunwin

sunwin web

game bài sunwin sunwin apk tải sunwin apk