РАСТЕ ПРИТИСОКОТ ВРЗ БУГАРИЈА – Брнз: САД се разочарани што не се усвои преговарачката рамка за С. Македонија

Разочарани сме што земјите членки на Европската Унија (ЕУ) не успеаа да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок на Советот на министри, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионалната стабилност и ќе ја подобри политичката и економска активност, порача денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум.

САД, нагласи Брнз, ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за нашите заеднички стратешки цели.

– Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регион и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стратешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми, истакна Брнз.

Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и непроменети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.

– Гледано посебно, земјите од Западен Балкан се мали пазари за сериозни инвеститори, но сите заедно се значителен и интересен пазар од 18 милиони е сериозно атрактивен за американските и европски инвеститори, истакна Брнз.

На крај на денот, порача Брнз, Северна Македонија припаѓа на ЕУ и иако е долг пат, важно е да се продолжи со напредок.

– Чекорите на овој пат се од особена корист за граѓаните на земјата. Чекори како јакнење на владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на инфраструктурата, интегрирање на економијата со соседите, создавање на клима за инвестирање и бизнис, се работи кои не се само критериуми за ЕУ, туку се особено важни и за граѓаните на Северна Македонија, истакна Брнз.

Претседателот Бајден, посочи Брнз, во рамки на својата посета на Европа порача дека „мора да ја градиме заедничката иднина што ја бараме“, и продолжувањето на градењето на врските, нагласи Брнз, меѓу Северна Македонија и соседите ќе ја изгради таа заедничка иднина и ќе дозволи на земјата, регионот и САД да ја зголемат безбедноста и економската соработка.

Link with us
Game bài đổi thưởng