СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува заштеди од 200 милиони евра и повисоки плати и пензии, лицемерно ВМРО-ДПМНЕ критикува, а нивните градоначалници денар не одвоија за граѓаните

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на буџетот за 2022 година.

Со ребалансот сериозно се кратат средства за непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, пари кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза.

Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Ова е одговорен, домаќински чекор во време кога целиот свет се соочува со недостиг на храна и енергенси.

Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

И во време на светска економска криза успеавме минималната плата да ја зголемиме на 18.000 денари.

Со Синдикатот се постигна договор за рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, а следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата.

Договорена е и нова методологија за постојан и одржлив раст на пензиите, а следното покачување ќе се реализира во септември оваа година.

Просечната плата денес изнесува 31.080 денари што е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра.

Сето ова почитувани е показател дека македонската економија е стабилна и конкурентна и подготвена да се носи со сите предизвици.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ критикува, а нивните градоначалници денар не одвоија за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е последна која може да зборува за економија. Тие двојно го зголемија јавниот долг за да градат споменици и фасади, а истовремено платите ги држеа замрзнати, ги потонаа граѓаните во сиромаштија на сметка на богатење на поединци.

За разлика од нив, со СДСМ и во време на светска економска криза платите растат. Просечната плата денес изнесува 31.080 денари. Тоа е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра.

Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата.

Со договор со синдикатот се постигна рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, следува раст на пензиите.

Владата предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот, заштедата на непродуктивните трошоци во висина од 200 милиони евра, ќе ја пренамени за надминување на последиците од светската економска криза за економијата, граѓаните, пред се за ранливите категории.

Додека СДСМ на секој начин им помага на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот што во време на криза дополнително им го загорчува животот на граѓаните преку блокадите во Собранието.

Истовремено, во време на криза нивните градоначалници трошат милиони евра на партиски вработувања и луксузирања. Денар не одвоија за помош на граѓаните

Неизмерно е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Тие секогаш имаат проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во белиот дворец како во годините на режимот.

sunwin

sunwin

sunwin

game bài sunwin

sunwin web sunwin web sunwin apk