Ресорт Маврово го организира 20-тиот аматерски хуманитарен велеслалом

Ресорт Маврово, традиционално и по 20-ти пат, го организира Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом. И оваа година, од 4-ти до 6-ти март, вработените во компаниите имаат можност да спортуваат на терените на Маврово и да ја покажат својата хумана страна. Собраните пари, како донација, ќе бидат наменети за Национална Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки Комитет на Северна Македонија.

Организаторот на велеслаломот, Ресорт Маврово, ги повикува компаниите да пријават еден или повеќе тимови, составени од по тројца учесници. Секој тим треба да биде составен само од скијачи или само бордери или да биде мешан тим. Компаниите што сакаат да учествуваат треба да проследат електронска пријава на events@resortmavrovo.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 20-ти Аматерски Хуманитарен Велеслалом.

Во 2020 година, на Аматерскиот Хуманитарен Велеслалом беа пријавени 32 компании со вкупно 71 тим. Со помош на сите пријавени тимови се собра вкупна донација од 14.200 евра за “PAWSITIVE IMPACT”, проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондација Импакт, непрофитна организација АМОС Шелтер и Општина Маврово и Ростуше. Поради пандемијата со Ковид 19, во 2021 имаше хибрид верзија на настанот и компаниите ја поддржаа акцијата на Ресорт Маврово и донираа за ученичкиот дом „Седек Костоски“ Маврови Анови и за подобрување на условите за живот на децата кои таму домуваат.

Инаку, првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003 година. Натпреварот се одржа на ски-лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.

***

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди е спортска, доброволна, општествено-хуманитарна организација, формирана во 1965 година, со цел да ги развива, креира, обединува и репрезентира спортско-рекреативните активности на сите инвалидизирани лица на територијата на Република Северна Македонија, без оглед на видот, степенот и карактерот на инвалидноста, како и причините за настанување на инвалидитетот. Собраните парични средства ќе бидат наменети за учество на Меѓународни натпревари за лица со инвалидитет и за промовирање на принципот „ништо за нив – без нив“.

sun win

game sunwin

sunwin club

sunwin

tải sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu