Рикер: Продолжете ги реформите, зајакнете го владеење на правото за просперитет на граѓаните

Уште многу работа останува да се направи и отворањето на преговорите со Европската Унија е почеток на процесот што ќе налага натамошна посветеност, ова вечерва во Охрид го изјави помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, на отворањето на конференцијата „Патот до Преспа“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.

Рикер подвлече дека САД стојат зад Македонија како сојузник и како пријател.

– САД, претседателот Бајден, државниот секретар Блинкен, сме уверени дека Македонија може и ќе ги направи неопхдоните чекори како што е продолжување на реформите, зајакнување на владеење на правото, борбата против корупцијата, зголемување на транспарентноста за да гарантира попросперитетна иднина за нејзините граѓани, како и зајакнување на стабилноста на регионот. САД остануваат посветени и се дел од овој регион и ќе продолжат да стојат покрај вас, како што кажа и самиот претседател Бајден како сојузник и како пријател – истакна Рикер.

Тој повтори дека САД остануваат целосно посветени на Западен Балкан и оти нивната визија е Европа да биде комплетна, слободна, и во мир.

– Указот на претседателот на САД за санкции кон оние актери што сакаат да го поткопаат овој процес, ќе овозможи да се зајакне таа цел, придонесувајќи кон ефикасна и стабилна власт, признавајќи дека целосната интеграција во трансатлантските институции е тоа што го сакаме и го очекуваме – порача тој.

Link with us
Game bài đổi thưởng