Русија возврати, ја протера в.д амбасадорката од Македонија во Москва

Русија соопшти дека ја протерува в.д. амбасадорката на Македонија во Москва, Оливера Чаушевска – Димовска. Руското МНР информира дека дипломатката е прогласена за персона нон-грата како противмерка.

„Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота, со која се прогласува за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва“, се огласи руското министерство.

Во соопштението дополнително е наведено дека мерка е одговор на одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје.
Македонското МНР тогаш протера руски дипломат додека руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.

Link with us
Game bài đổi thưởng