РУСИТЕ БЕСНИ ШТО УКРАИНА НЕ СЕ ПРЕДАДЕ УБИВААТ ЦИВИЛИ ОКОЛУ КИЕВ – Страшни докази укажуваат на воени злосторства на патиштата надвор од Киев

Снимките од руски војници како пукаат во човек со кренати раце на автопат надвор од Киев на почетокот на март го обиколија светот. Сега Русите се истиснати од областа и Џереми Боуен од Би-би-си беше да ги види мрачните последици од нивната краткотрајна окупација.

Овој извештај содржи материјал што некои читатели ќе го сметаат за вознемирувачки

Боуен изброи 13 тела на кошмарниот дел од патот долг не многу повеќе од 200 метри, помеѓу Мрија и Мила, села чии украински имиња се преведуваат како Сон и Душо.

Двајца од загинатите се потврдени како украински цивили кои биле убиени од Русите. Останатите сè уште не се идентификувани – лежат каде што се убиени – но само двајца носат препознатливи украински воени униформи.

Тимот на Би-би-си успеа да стигне до областа на главниот автопат Е-40 додека се приближуваше до Киев, бидејќи украинските сили го зазедоа секторот само 10 часа претходно.

Како што објавува британскиот медиум, трагите од битка и тешко гранатирање биле насекаде. Бензинските пумпи и хотелот кој бил добро познат по својот спа центар и ресторан биле во урнатини. Дупки од гранатирање имало на двата коловози.

Оставени во срцето на пустошот беа мртвите тела и бројни прашања и грижи за тоа кои се тие и како умреле.

Некои одговори веќе постојат за еден брачен пар кој беше убиен на 7 март. Нивниот ‘рѓосан автомобил распарчен со шрапнели стои на патот до една од бензинските пумпи. До него се изгорени и извиткани остатоци од тело од маж. Венчалниот прстен сè уште е на прстот на трупот. Испружено во внатрешноста на школката на нивниот автомобил е она што останало од запаленото тело на жена, со отворена уста во нешто што изгледа како крик.

Нивната смрт беше снимена со украинско беспилотно летало на 7 март, управувано од единицата за територијална одбрана. Единицата го објави видеото, кое беше повторно објавено од новински организации ширум светот. Предизвика бес, бидејќи го прикажуваше ладнокрвното убиство на човек кој ги крена рацете за да покаже дека е безопасен, во класичниот гест на предавање.

Телата, кои Би-би-си ги откри во истрагата овој месец, се на Максим Јовенко и неговата сопруга Ксјена. Тие беа дел од конвојот од 10 цивилни возила кои се обидуваа да побегнат и да стигнат до Киев.

Додека возеле по патот, забележале руски тенк во позиција, вкопан на работ на тревата. Видеото од дронот покажува дека тенкот е јасно означен со буквата V, еден од идентификаторите што ги користат руските вооружени сили. Останатите автомобили направија брзи свртувања и се оддалечија со голема брзина. Но, автомобилот на Максим застанал, најверојатно затоа што бил погоден.

Штом автомобилот застанал, Максим излегол и ги кренал рацете. Бил застрелан за неколку секунди. Неговата сопруга била убиена во автомобилот. Во автомобилот биле и нивниот шестгодишен син и постарата мајка на еден од пријателите на Максим. И двајцата преживеале и на крајот биле ослободени од руските војници.

Биле пронајдени како се враќаат по патот, а жената му кажала на семејството дека Максим викал дека во автомобилот имало дете кога го убиле. И двајцата преживеани, според единицата за беспилотни летала сега се безбедни, но длабоко трауматизирани.

Автомобилот сега е изгорен, но не бил запален во нападот. Една хипотеза е дека телата и автомобилот биле запалени за да се уништат доказите за злосторството. Единицата ја доставила својата снимка од дрон до украинските власти и до Метрополитен полицијата во Лондон.

Повеќе изгорени автомобили и мртви тела се оставени на патот во следните неколку стотици метри. Не се појави видео кое ќе покаже што се случило. Веродостојна работна претпоставка за каква било истрага е дека другите загинати луѓе биле убиени од екипажот на тенкот или други руски војници.

Направени се обиди за уништување на останатите тела. Тенкот исчезна, но неговиот екипаж остави остатоци, вклучително и теренски оброци на руската армија. Во шумата во близина има барем уште еден тенк, кој изгорел откако бил погоден со противтенковски проектил.

Два или три километри понатаму, во мало село екипата на Би-би-си видела скршен и изгорени руски тенк и два оклопни транспортери. Некои од остатоците сè уште чаделе. Силата на оружјето што го уништи тенкот ги разнела неговата купола и главниот топ, кои лежеа наопаку до половина закопани во кратер оддалечен околу 13 метри.

Во боровите шуми од двете страни на патот, украинските војници копаа ровови со лопати. Други патролираат затоа што е премногу рано да се каже дали Русите ги нема засекогаш или дали ќе се вратат.

Грозоморните сцени на патот беа повеќе од само страшна смрт на човечки суштества кои станаа жртви на одлуката на претседателот Путин да изврши инвазија. Тоа е и место на злосторство, со докази кои треба да се соберат и да се сочуваат за истрага кога ќе заврши оваа војна.

Според законите на војната, цивилите се заштитени, а кога ќе бидат убиени спротивно на тие закони, нивната смрт е еднаква на воени злосторства.

Link with us
Game bài đổi thưởng