РУСИТЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ОХРИД, ПРОЈАВУВААТ ИНТЕРЕС ЗА БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ

Отворањето на линија Москва – Скопје отвора и нови туристички поволности за Охрид. Русите се повеќе гостуваат на охридската ривиера и се презадоволни од она што го добиваат како фидбек. Интересот кај нив да летуваат во Македонија е огромен, вели Жарова Ина претседател на Фондот за руска и македонска соработка и генерален директор на кампањата „Македонски дом” од Москва.

Но освен за летување, Македонија е привлечна и за бизнис. Па така руски бизнисмени веќе пројавиле и желба, но и сериозни планови за инвестирање во земјава во повеќе сектори информира Жарова.

Наесен поточно во ноември во Охрид ќе се одржи и голем конгрес со учесници од бизнис сферата, директори и раководители на големи компании со цел што побрзо развивање на економската соработката меѓу двете држави. Тогаш вели Жарова ќе се разменат искуства и ќе се прецизира во кои бизниси конкретно ќе се инвестира иако туризмот сега засега предничи.

Бизнис конгресот се најавува дека ќе се одржи од 1. до 6. ноември во Охрид и ќе учествуваат бизнисмени од 10 држави.

ИЗВОР: ТВ 24

sunwin

sunwin sunwinb52

sunwin cho iphone sun win bị sập sun win